![](https://static.wixstatic.com/media/c8164168627f4aa2adb08be83072a4ce.jpg/v1/fill/w_1920,h_1280,al_c,q_90,usm_0.66_1.00_0.01,enc_avif,quality_auto/c8164168627f4aa2adb08be83072a4ce.jpg)
Запознајте го Вашиот адвокат
Дипломиран и магистриран на Правниот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а лиценциран како адвокат и застапник по индустриска сопственост, изградив кариера во области како што се корпоративно право, работни односи, информатичка технологија, облигациони односи, интелектуална сопственост и заштита на лични податоци. Фокусирајќи се екслузивно на области од правото кои ја истакнуваат мојата експертиза сум во можност да им обезбедам на моите клиенти највисоко ниво на правна поддршка. На овој начин
мојот приоритет е поставен не само на успехот на клиентот туку и на транспарентноста и задоволството на клиентот при процесот на устварување на своите права.
Верувам дека начинот на кој бизнисите можат да напредуваат е само преку обезбедување целосна правна усогласеност. Па поради тоа сметам дека камен темелник на еден бизнис се HR-одделите, согледувајќи дека мојот персонализиран пристап кон нивната усогласеност со правната регулатива резултира со успех на еден бизнис.
Со тоа што клиентите ќе се потпрат на мојата правна поддршка заедно лесно ќе ги надминеме проблемите кои им се јавуваат во текот на своето работење.